Неверојатно: Не му дал жолт картон на Меси, за возврат го побарал неговиот дрес и го добил!

191

Некогашниот судија од Чиле, Карлос Кандиа, призна дека во полуфиналето на Копа Америка во 2007 година, намерно направил грешка кога на Лео Меси не му покажал жолт картон, иако најдобриот фудбалер во светот и тоа како го заслужил. За возврат го побарал неговиот дрес и го добил:

Тоа се случи на мечот меѓу Аргентина и Мексико. Меси веќе имаше жолт картон а се играа последните неколку минути од тоа полуфинале, резултатот беше 3:0 за Аргентина. И Лео непотребно на средината од теренот играше со рака, тоа беше очигледен жолт картон за него. Сепак, ако го покажев ќе мораше да го исклучам и немаше да игра во финалето. Затоа и му реков, ова е за жолт, но нема да те исклучам, за возврат го сакам твојот дрес“ пренесува Чилеанецот што му кажал на Меси во тој момент.

Приказната има продолжение:

Да, дресот ме чекаше во соблекувалната и јас му благодарам. Сега тој дрес е кај мојот син и го чува како нешто најсвето. После мечот Бразилците беа револтирани зошто не му покажав картон, тие тогаш имаа и тоа како влијание. Но, не се каам, Меси заслужи да игра во финалето, а јас го добив неговиот дрес“ вели Кандиа.

Во финалето и со Меси селекцијата на Аргентина беше поразена од Бразил. Меси својот прв трофеј го освои дури во 2021 и тоа на “Маракана“ во Рио де Жанеиро, кога Аргентина го победи Бразил.

Инаку во таа 2007 година Лео беше на самиот почеток на својата блескава кариера, иако и тогаш беше мега – ѕвезда.

Претходно“Перез е моќен човек, тој менува и поставува директори и уредници во весниците“!
СледноРаспоред и календар за новата сезона во Првата футсал лига на Македонија! (ФОТО)