Репрезентацијата на Македонија до 15 години загуби со убедливи 3:0 од домаќинот Молдавија на меѓународниот контролен турнир. На крајот, нашите млади фудбалери со скор од две победи и еден пораз го освоија второто место на турнирот.
Во првиот дел Велевски и Крстевски ги имаа најдобрите можности за нашата репрезентација. Михаил Пускашу го отвори резултатот во последната минута од првото полувреме. Во продолжението, истиот играч со гол во 57. минута ја зголеми предноста на својата селекција. Во 86. минута Михаил Багрин ги поставува конечните 3:0.
Во првото коло од меѓународниот турнир, славевме победа над Ерменија со 2:1. Во второто коло ја надигравме Андора и забележавме убедлива победа од 3:0.