Фонсека ги потроши сите кредити, ако не го победи Интер добива отказ!

49

Раководството на „росонерите“ е подготвено да го отпушти Пауло Фонсека доколку тој не успее да постигне победа над градскиот ривал Интер во „Дерби дела Мадонина“ кое е на програмата следниов викенд.

Пауло Фонсека имаше тежок почеток на клупата на Милан, не успевајќи да ја освои довербата на навивачите, што доведе до празни столчиња на трибините на Сан Сиро во последните натпревари, вклучувајќи го и првиот натпревар на Росонерите во Лигата на шампионите со Ливерпул (1:3).

Фонсека го замени Стефано Пиоли само во текот на летото, но наскоро би можел да остане без работа. Португалскиот стручњак го предводеше Милан на четири официјални натпревари, загуби од Парма во Серија А и од Ливерпул во Лигата на шампионите, а не успеа да обезбеди победи со Торино и Лацио. Единствениот триумф оваа сезона беше победата со 4-0 над новајлијата Венеција.

ПретходноЕкс-фудбалер на Арсенал кој играше и во ЛШ фатен со 60 килограми канабис
СледноЛуис Фиго: Сакате помалку натпревари? Тогаш ќе земате помалку пари!