Штип УДГ почнува со пријателски, денеска прв тест со косовски Феризај

81

Македонските одбојкарски тимови веќе почнаа со финалните подготовки за новата одбојкарска сезона. Откако шампионот Струмица веќе ги започна настапите и во европските купови, освојувачот на домашниот одбојкарски Куп екипата на Штуп УГД за денеска го закажа и првиот контролен меч.

Новиот состав на тренерот Кристиан Ристески во салата „Јордан Мијалков“ вечерва од 18:45 часот ќе го одигра првиот тест-меч со косовскиот состав Феризај. Влезот во салата ќе биде слободен, а навивачите на Штип УГД ќе имаат можност да се запознаат и со дел од новите засилувања на тимот.

Штипјани и во новата сезона влегуваат со амбиции да атакуваат на највисок пласман и на еден од трофеите како и минатата сезона.

Претходно„Доктор“ за пенали: Одбрани четири од последните осум пенали!
СледноЈамал го собори рекордот на Белингем во ЛШ