Ламин Јамал стана рекордер по бројот на настапи во Лигата на шампионите пред да стане полнолетен и да наполни 18 години. Крилниот напаѓач на Барселона синоќе беше во стартниот состав на натпреварот против Монако, а покрај тоа го постигна и единствениот гол за својата екипа.
Јамал го одигра својот 11-ти натпревар во Лигата на шампионите и стана апсолутен рекордер по бројот на натпревари на турнирот со неполни 18 години. Ламин на листата ги мина Џуд Белингем, Јури Тилеманс и Ворен Заир-Емери кои имаа по 10 меча во ЛШ пред да дојдат до полнолетство.
Покрај тоа, Јамал со 17 години и 68 дена стана вториот најмлад голгетер во Лигата на шампионите. Рекордот се уште го држи Ансу Фати, кој постигна гол за Барселона во Лигата на шампионите на 17 години и 40 дена.