Австралија ќе бара нов селектор, Арнолд поднесе оставка

48

По разочарувачкиот старт во квалификациите за Светското првенство во азиската зона, Греам Арнолд повеќе не е селектор на Австралија. Тој најави дека поднел оставка и си заминува од селекторското место на „кенгурите“.

Австралија прво загуби од Бахреин, а во втората рунда освои само бод на гости кај Индонезија.

„Реков по мечот против Индонезија дека треба да донесам некои одлуки и по длабоко размислување одлучив дека е време за промена и за мене и за проектот. Одлуката да се повлечам ја донесов врз основа на она што е најдобро за нацијата, играчите и фудбалска Австралија. Дадов апсолутно се што можев и неизмерно сум горд на постигнатото за време на мојот мандат“, вели Греам Арнолд во соопштението за медиумите.

61-годишниот Арнолд беше на чело на репрезентацијата од 2018 година, а ја предводеше селеицијата и на Светското првенство во Катар.

ПретходноЈамал го собори рекордот на Белингем во ЛШ
СледноМанчестер Ј. почна преговори со Мејно за нов подобрен договор