Артета за дербито со Сити: За тој меч се спремаме уште пред почетокот на сезоната

107

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета на прес-конференција зборуваше за претстојното неделно дерби со Манчестер Сити. Шпанскиот тренер вели дека за тој меч со актуелниот шампион се спремаат уште пред да почне сезоната.
Веднаш по натпреварот со Аталанта (0:0) мораме да се опоравиме, да спиеме, да јадеме добро. Сите со нетрпение го очекуваат натпреварот. Знаеме што значи, знаеме за што се бориме и ова е одлична можност за тимот да покаже за што е способен“, додаде Артета.

Се подготвуваме за овој натпревар уште од претсезоната. Очигледно го знаевме распоредот и знаевме дека е исклучително ретко да се игра во овие услови со три многу тешки гостувања (ед. – претходните гостувања на Тотенхем и Аталанта) во рамките на шест дена, но што и да е, така што се подготвивме за тоа, и физички и психички и тактички“, рече тој.

Артета нема да смета на капитенот Мартин Одегард кој е повреден.
Мораме да видиме како ќе се развива ситуацијата во текот на следната недела, како прво ќе реагира скочниот зглоб, а потоа медицинскиот тим ќе ми даде ажурирање за времето и колку долго ќе биде надвор од теренот“, објасни тој.

ПретходноЕмбид ја продолжил соработката со Филаделфија на уште три години
СледноИнтересен меч во Цвајте – Шалке водеше 3:0, па изгуби 3:5