Бекот на Ливерпул по акциите во Формула 1, сега тргна да го купи и францускиот клуб Нант!

227

Десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд влегол во сериозен проект за купување на францускиот клуб Нант, објави весникот Л’Екип. Изданието дознало дека таткото на англискиот репрезентативец, Мајкл Арнолд, кој дејствува како менаџер на интересите на неговите синови преку инвестициска фирма со седиште во Лондон, почнал да го испитува францускиот спортски пазар. Тоа не е првпат Александар-Арнолд да влезе на францускиот пазар, откако тој стана малцински акционер и во францускиот Формула 1 тим, Алпин.

Весникот пишува дека Арнолд бил заинтересиран за купување на фудбалските клубови Сент Етјен и Ле Авр, но откако од овие зделки очигледно нема ништо, сега тргнал кон Нант. Осумкратниот француски шампион е во сопственост на францускиот бизнисмен Валдемар Кита, непопуларна личност меѓу фан-базата на „канарицните“. Кита е сопственик на Нант од 2007 година и, наводно, се уморил од спортските и финансиските борби со кои се соочува тимот. Тој веќе ја потврдил информацијата дека има намера да го продаде тимот.

Понудата која фудбалерот на Ливерпул преку својот татко ја испратил до Кита е во висина од 100 милиони евра, вклучувајќи директни 80 милиони евра плус кредит од 20 милиони евра придружени со различни бонуси до 40 милиони евра.

ПретходноВидеолотарија изгради 17 детски игралишта низ Македонија
СледноСаудијците дошле да го купат Атлетико (М), акционерите ги вратиле назад