Екс-фудбалер на Арсенал кој играше и во ЛШ фатен со 60 килограми канабис

115

Фудбалерот кој играше за Арсенал во Лигата на шампионите, Џеј Емануел-Томас  е обвинет за обид за шверц на 60 килограми канабис во вредност од 600.000 фунти преку еден британски аеродром. Емануел-Томас, кој моментално игра за шкотскиот второлигаш Гринок Мортон, беше уапсен во неговиот дом во близина на Глазгов оваа недела.

Тој бил приведен од полицијата и одведен на сослушување во северниот англиски град Карлајл, соопшти Националната агенција за криминал. 33-годишниот напаѓач ја започна својата кариера во Арсенал, каде забележа пет настапи, вклучително и во Лигата на шампионите со Шахтјор Доњецк во ноември 2010 година. Подоцна играше за англиските клубови Ипсвич, Бристол Сити и Квинс Парк Ренџерс, Абердин во Шкотска, а играше и во Тајланд.

ПретходноПелистер победи на контролата со Приморје
СледноФонсека ги потроши сите кредити, ако не го победи Интер добива отказ!