Емполи со три бода од Каљари, прв пат во историјата нема пораз по првите пет кола

43

Екипата на Емполи славеше победа на гостувањето кај Каљари со 2:0 и впиша личен рекорд, поточно за првпат оваа екипа е непоразена по првите пет кола во Серија А. Емполи има две победи и три ремија.
На мечот со Каљари гостите отворија со голот на Коломбо во 33 минута (ОВДЕ). Во 49 минута Себастијан Еспосито убаво се снајде во противничкиот шеснаесетник, издрибла неколку играчи и постигна убав гол (ОВДЕ).
Интересно, Еспосито и Коломбо беа ривали затоа што едниот беше член на Интер, а другиот на Милан. Сега двајцата се соиграчи во Емполи и одлично ја градат кариерата.

ПретходноИнтересен меч во Цвајте – Шалке водеше 3:0, па изгуби 3:5
СледноМиланско дерби – Интер цели кон седум победи по ред над Милан