Интересен меч во Цвајте – Шалке водеше 3:0, па изгуби 3:5

277

Неверојатен меч со осум гола одиграа Шалке и Дармштат во 6.коло од втората Бундес лига. Шалке водеше со 3:0 со голови во 14, 34 и 39 минута. Висок резултат кој изгледа ги опушти домашните затоа што потоа се распаднаа. Гостите во 45 минута намалија од пенал, а во второто полувреме постигнаа уште четири гола и победија со 3:5.
Три од четирите гола во второто полувреме постигна Исак Лидберг.
Шалке со скор од една победа, едно реми и четири порази е на 14. место на табелата, а Дармштат е место погоре со бод повеќе.
На другиот меч Падерборн го победи Хановер со 2:1. Кај домашните на клупата остана македонскиот дефанзивец Висар Муслиу.

 

ПретходноАртета за дербито со Сити: За тој меч се спремаме уште пред почетокот на сезоната
СледноЕмполи со три бода од Каљари, прв пат во историјата нема пораз по првите пет кола