Миланско дерби – Интер цели кон седум победи по ред над Милан

83

Во недела (20:45 ч.) во Серија А е дербито меѓу Интер и Милан. Овој меч може да биде историски за Интер, затоа што засега има шест победи по ред над градскиот ривал. А во 115 годишната историја и 180 дербија, никој не врзал серија од седум победи. Токму во недела таа шанса ја има Интер.

Во последните години Интер е надмоќен во однос на Милан, го победуваше во Суперкупот, во Серија А, во Купот и во Лигата на шампионите. На претходните мечеви гол разликата е 14:2 во корист на „нероаѕурите“.

Последен пат Милан славеше над Интер во септември 2022 година со 3:2 во рамките на Серија А. Потоа следуваше прекрасната серија на „нероаѕурите“: прво 3:0 во Суперкупот, две победи во ЛШ со 1:0 и 2:0, па три во Серија А 1:0, 5:1 и 2:1.
Инаку низ историјата Милан два пати имал низа од шест победи по ред над Интер меѓу 1911 и 1913 и од 1946 до 1948. Сега Интер може да ги поништи тие рекорди на „росонерите“…

ПретходноЕмполи со три бода од Каљари, прв пат во историјата нема пораз по првите пет кола
СледноПиоли го разбуди Ал Наср – победа на гости, гол на Роналдо, две асистенции на Мане