Трансфермаркт: Струга ТЛ го има најскапиот тим во ПМФЛ, Радески, Цаке и Ахмеди со најголема вредност!

2008

Готово е, падна митот за Шкендија.Барем според Трансфермаркт, специјализираниот сјат за вредност на клубови и играчи, најпознат во фудбалскиот свет.

Имено по цели 6-7 години тетовскиот клуб го нема веќе најскапиот тим во нашата елитна лига. Шкендија сега е втора а по овој летен преоден рок, највредниот или најскапиот тим го има шампионот, тимот на Струга ТЛ, и тоа со 5.520.000 евра, додека тимот на Шкендија вреди “само“ 4.990.000 евра.

Инаку вкупно ПМФЛ, се разбира според Трансфермаркт, вреди 38.410.000 евра, што секако дека не е за пофалба.

Изненадувачки Брера е на третата позиција, а најинтересно е дека Гостивар е дури осми со 3.060.000 евра.

На четврта позиција е Шкупи, па следуваат Работнички, Силекс и Вардар, додека деветти е Тиквеш, најмалку вредат Беса, Пелистер и Воска.

ТАБЕЛА НА КЛУБОВИ:

1.Струга ТЛ 5.520.000 евра

2.Шкендија 4.990.000

3.Брера 4.690.000

4.Шкупи 3.530.000

5.Работнички 3.400.000

6.Силекс 3.100.000

7.Вардар 3.090.000

8.Гостивар 3.060.000

9.Тиквеш 2.930.000

10.Беса 2.000.000

11.Пелистер 1.080.000

12.Воска 1.050.000

Што се однесува поединечно кај играчите, ниту еден фудбалер во ПМФЛ ни приближно не е барем до 1 милион евра. Со по 600.000 евра најмногу вредат Радески (Струга), како и Цаке и Ахмеди (Шкендија). При врвот со 500.000 евра вредност е Шаља (Шкендија), а по 400.000 вредат Босанчиќ (Вардар), како и Влајковиќ (Струга ТЛ) и Кехинде (Струга ТЛ).

Во продолжение можете да ги видите кои се 30-те највредни фудбалери во ПМФЛ во моментов.May be an image of 2 people, people playing football, people playing soccer and text

ТАБЕЛА НА ИГРАЧИ

600.000 евра:

-Марјан Радески (Струга ТЛ), Валон Ахмеди (Шкендија), Клисман Цаке (Шкендија)

500.000 евра:

-Аденис Шаља (Шкендија)

400.000 евра:

-Немања Босанчиќ (Вардар), Никола Влајковиќ (Струга ТЛ), Ланре Кехинде (Струга ТЛ)

350.000 евра:

-Марјан Ристовски (Брера), Сава Радиќ (Струга ТЛ), Арби Воша (Струга ТЛ), Ѓорѓе Ивковиќ (Брера), Бесарт Кривањева (Струга ТЛ), Ѓорѓие Јанкулов (Брера), Марко Ѓорѓиевски (Силекс), Јумени Канда (Шкупи)

325.000 евра:

-Данин Таловиќ (Беса)

300.000 евра:

-Решат Рамадани (Шкендија), Садик Рашид (Работнички), Мартин Стојанов (Тиквеш), Ведран Ќосевски (Струга ТЛ), Едиз Спахиу (Тиквеш), Давор Талески (Шкендија), Иван Ивановски (Гостивар), Игор Алексовски (Работнички), Елвис Машике ( Гостивар), Адаму Алхасан (Шкендија), Атдхе Мазари (Работнички), Миле Тодоров (Тиквеш), Бесмир Бојку (Струга ТЛ).

ПретходноДон Карло: Играчите немаат проблем да добиваат помали плати ако играат помалку натпревари!
СледноУЕФА со финансиска помош ќе и помогне на Полска да ги реконструира поплавените стадиони