УЕФА со финансиска помош ќе и помогне на Полска да ги реконструира поплавените стадиони

34

По страшните поплави кои ја зафатија Полска во изминатите неколку дена, голем дел од псортските капацитети се уништени. Неколку стадиони, па дури и сали веќе се целосно неупотребливи поради водата која практично ги поплави, а Полска веќе ги вклучи институциите за да добие помош за нивно реконструирање.

Како што објавија од Полската фудбалска федерација, тие испратиле писмо со барање до УЕФА за обезбедување финансиска помош за реконструкција на неколку стадиони и игралишта.

„Има светлина на крајот од тунелот за клубовите погодени од поплавата. Фудбалскиот сојуз на Полска поднесе барање до УЕФА за финансиска поддршка. Очекуваме нашите клубови да добијат поддршка од Европската куќа на фудбалот”, вели првиот човек на полскиотфудбал.

Тој исто така потврди дека имал средба и со претседателот на УЕФА Александар Чеферин.

ПретходноТрансфермаркт: Струга ТЛ го има најскапиот тим во ПМФЛ, Радески, Цаке и Ахмеди со најголема вредност!
СледноНа глупостите им нема крај: ФФМ им забрани на родителите да ги гледаат своите деца!