Хосни од Пелистер го има еден од најубавите голови на колото во ЛШ! (ВИДЕО)

28

Иако и во вториот меч од Лигата на Шампионите се поразени, и тоа дома од Фуксе Берлин, сепак ракометарите на Пелистер може да се пофалат дека го имаат еден од најубавите голови на 2.коло во најсилната ракометна лига во Европа.

Имено мајсторијата на Усама Хосни, поточно погодокот што го постигна против голманот на германскиот тим, Дејан Милосављев, од страна на ЕХФ е прогласен за четврти најубав во ова коло.

Секако дека тоа беше мајсторија на Хосним, но дали може да биде за утеха ако се знае дека Пелистер не може да дојде ни до бод, а камо ли до победа во ЛШ, тоа не се знае.

Во видеото можете да ги видите петте најубави голови во 2.коло, како и тој на ракометарот на нашиот шампион.

ПретходноЗлатан веќе го одбрал наследникот на Фонсека!?
СледноОва е табелата по 1.коло во ЛШ: Баерн Минхен, Селтик, Леверкузен, Дортмунд…сега се е појасно! (ФОТО)