Фантастичен саботен ден за Франческо Пеко Бањаја на Дукати во Мото ГП на патеката во Мизано. Прво ја освои пол – позицијата за утрешната трка за ГН на Емилијка Ромања, а потоа неколку часа подоцна победи и на спринтот.
Актуелниот шампион на патеката “Марко Симончели“ дојде до четвртата спринт победа во оваа сезона и тоа за три десетинки пред Хорхе Мартин. Како трет заврши Енеа Бастијанини на Дукати.
Супер интересно беше во спринтот, а фактот дека Бањаја беше за милиметри побрз од Мартин, гарантира големи возбудувања и на утрешната трка.
Со оваа победа сега Пеко е на само -4 бода во генералнот пласман во Мото ГП сезонава.