“Во салата во Градски парк треба да се постави една фотелја и на неа да пишува – Лазар Лечиќ“!

147

Денеска во „Александар Палас“ во Скопје, во организација на КФСМ, се одржа комеморација во честа на Лазар Лечиќ, таткото на македонската кошарка кој почина пред 40 дена.

На комеморацијата присуствуваа голем број познати кошаркарски лица кои му одадоа чест на Лазо, на човекот кој беше симбол на овој спорт и не само во Македонија туку и пошироко.

На присутните со одбрани зборови се обратија Зоран Гапиќ, Драган Радосављевиќ, Зоран Михајлов, Ѓорѓе Војновиќ.

Преку видео обраќања свои зборови кажаа за Лазо и легендарниот Панајотис Јанакис, внукот Андреј Апостолоски Лечиќ.

Сите тие имаа што да кажат за големиот Лазо, за она како тие соработувале со него, за животот на Лазо, потоа и за тоа како тој влијаел во нивните кариери пред се на професионален план.

Сепак кој е Лазо и што значел пред се за КК Работнички, најдобро говори тоа штог го кажа Гапиќ:

Лазо го направи Работнички голем клуб и затоа Работнички мора да направи нешто вечно за него. Во салата во Градски парк да постави во негова чест една фотелја и на нејзе да пишува – Лазар Лечиќ. Секој кој што ќе дојде да знае таа сала и тој клуб ја направи тој“ рече покрај другото Гапиќ.

Лазар Лечиќ почина на 13 август на 85 години. Засекогаш ќе биде запаметен како човекот кој е татко на македонската кошарка.No description available. No description available.

ПретходноЃорѓи Мојсов: Секоја чест за Вардар, сепак Тиквеш оди по трите бода!
СледноЧелзи го прегази Вест Хем, блескаа Џексон и Палмер!