Димитријевиќ ја одведе Олимпија Милано во финалето на Супер Купот

491

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ беше лидер во редовите Олимпија Милано во полуфиналето во Супер-Купот. Тимот за кого настапува Нено славеше против Венеција со 73-62 и се пласираше во финалето.

Македонскиот кошаркар беше на ниво на задачата, и овој пат беше вистински лидер, зад неговото име запиша 14 поени, зад него беше Миротиќ со 13 поени.

Олимпија Милано дуелот го реши благодарение на добрата игра во првите три четвртини, во кои потврди зошто е фаворит на оваа средба.

ПретходноЛесни два за Алкалоид, Пелистер и Охрид
СледноIN MEMORIAM: Дејан Костуранов (1986 – 2024)