Ливерпул го “реши“ Борнмут, прекрасен гол на Дарвин! (ВИДЕО)

95

Ливерпул со ефектни 3:0 славеше против Борнмут во меч од 5.коло во Премиер-лигата попладнево. “Редси“ немаа намера да направат нов кикс како со Нотингем Форест, одиграа квалитетно и успеаја да дојдат до трите бода.

Прво Луис Диас со головите во 26. и 28.минута му донесе водство на својот тим од 2:0. Следуваше прекрасниот гол на Дарвин Нуњез во 37.минута за 3:0 и со тоа уште во првото полувреме беше решен победникот.

Тотенхем на свој терен против Брентфорд уште во 1.минута прими гол, но сепак дојде до убедлива победа од 3:1 и тоа со головите на Соланке, Џонсон и Медисон.

Фулам изненадувачки го декласира Њукасл со 3:1.

Ипсвич на гости кај Саутемптон се спаси од пораз со постигнат гол во 90+5.минута за конечни 1:1.

ПретходноМоќен е овој Баерн на Компани: Кејн и компанија го “наполнија“ Вердер!
СледноПобедата на Венеција во сенка на хорор повредата на Малиновски (ВИДЕО)