Михаилов: Моите играчи се во добра форма, одиме по трите бода во Скопје

188

Во недела на арената „Тодор Проески“ во Скопје се игра натпреварот меѓу Работнички и Брера во рамките на македонската Прва лига. Тренерот на Брера, Горазд Михаилов зборуваше за претстојниот натпревар и очекувањата.
Нѐ очекува тежок и можам да кажам дерби натпревар помеѓу екипи кои во минатото имаа што да кажат во македонскиот шампионат. Моменталната ситуација на табелата кажува дека Работнички има квалитетна и добро вкомпонирана екипа која ќе атакува на трите бода. Секако ние нема да одиме со бело знаменце во Скопје туку ќе одиме да се надигруваме и секако дека и ние ги посакуваме тие три бода. Убаво е што ќе се игра на Арената и верувам дека публиката ќе има што да види.

Што се однесува до мојата екипа, ме радува тоа што сите се во добра форма, немаме некои проблеми со повреди и верувам дека секој играч што ќе излезе на Арената ќе го даде својот максимум и верувам дека ќе се прикажеме во добро светло“, изјави Михаилов.

Работнички е втор на табелата со три победи и две ремија, а Брера има две победи и три порази.

ПретходноБалотели: Одбив понуди од странство затоа што сакам да се вратам во Италија
СледноФИФА казни словенечки клуб поради малтретирање на фудбалер