Поранешниот освојувач на Тур де Франс призна дека се дрогирал

110

Поранешниот германски велосипедист Јан Улрих за телевизијата ВДР призна дека користел допинг и дека се дрогирал и за малку ќе умрел. Улрих е поранешен освојувач на Тур де Франц (1997 година), а на истата трка пет пати бил второпласиран.
Документарниот филм Der Gejagte (Прогонет) за мене беше еден вид на терапија и сега можам да зборувам отворено со своите деца за тоа. Тоа што луѓето мора да знаат дека дури и спонзорите знаеја дека допингот беше составен дел од спортот, бев добро платен и договорот беше да не се зборува на таа тема. Погрешив, бев негативец“, изјави Улрих.

По кариерата тргнал по дрогата и алкохолот.
Алкохол, дрога, паднав во дупка и за малку ќе завршеше со катастрофа. Бев практично мртов и го видов пеколот. Тогаш си реков идната недела или ќе бидам мртов или ќе го вратам животот во свои раце. Љубовта кон моите деца беше пресуден фактор“, изјави Улрих чија професионална кариера му траеше од 1995 до 2006 година.

ПретходноВечерва се игра најскапото турско дерби во историјата
Следно„Лозари“ најавуваат спектакл: Утре доаѓа Вардар, доаѓаат и “Комитите“, се очекува најмалку 5.000 гледачи на трибините!