Бесарт Кривањева пред дербито со Шкупи: Ние сме шампиони, нормално е дека Струга ТЛ сака победа!

36

Утре во Струга, во меч од 6.коло, се игра големото дерби меѓу Струга ТЛ и Шкупи. Лани овие две екипи водеа жестока битка за титулата, такво нешто се очекува и оваа, но факт е дека чарчани не се на потребното ниво.

Струга ТЛ максимално подготвена го очекува ова супер – дерби. Се знае дека бодовите мора да се освојат, дека мора да се победи.

Тоа го знае и Бесарт Кривањева, дефанзивецот на шампионот и еден од најдобрите стопери во ПМФЛ. Тој утре ќе игра против својот некогашен клуб:

Јасно е дека кога играат Струга ТЛ и Шкупи, тоа е дерби на колото во ПМФЛ. Така ќе биде и утре. Го респектираме гостинот, имаат добра екипа, секогаш е тешко да се игра против Шкупи. Од друга страна ние сме шампиони, на секој меч, па и на овој, одиме на трите бода, нормално е да одиме на победа. Очекувам интересно дерби и секако посакувам на крајот ние да се радуваме“ вели Кривањева за „СпортСпорт“.

ПретходноЛандо Норис супериорно до пол-позицијата во Сингапур, Леклер предизвика прекин!
СледноМоќен е овој Баерн на Компани: Кејн и компанија го “наполнија“ Вердер!