Вардар 1961 без мака до победа!

88

Вардар 1961 дојде до втората победа во Супер-лигата, откако славеше против Радовиш со убедливи 16-29. „Црвено-црните“ победата ја најавија во првото полувреме по кое имаа пет гола позитива, додека во вториот дел доминантно го привршија дуелот во своја корист.

Радовиш беше рамноправен противник до пред средината на првиот дел, кога скопскиот состав полека но сигурно почна да гради позитива за мирен финиш.

Ашраф Маргели имаше 14 гола кај Вардар 1961, Здравко Постолов запиша седум погодоци кај поразениот состав.

ПретходноIN MEMORIAM: Дејан Костуранов (1986 – 2024)
СледноДосадно дерби помеѓу Јувентус и Наполи и „мирна“ поделба на бодовите