Захариевски: Утре нека биде празник на фудбалот во Кавадарци!

71

По ремито со Гостивар и рутинската победа во Купот на гости кај Новаци, сега се е полесно во редовите на Вардар. Се виде дека Срѓан Захариевски си ја знае работата, знае како да го “стегне“ тимот. Јасно е дека има уште многу работа, но почетокот е добар.

Утре Вардар гостува во Кавадарци, утре Вардар му гостува на Тиквеш во меч од 6.коло во ПМФЛ.

За “СпортСпорт“, за очекувањата од овој меч, говори стратегот на Вардар, Срѓан Захариевски:

Пред се тоа нека биде празник на фудбалот во Кавадарци. Знам дека ќе има доста публика, двете навивачки групи ќе бидат на трибините, па посакувам и Тиквеш и Вардар да одиграа одличен меч кој ќе ја задоволи фудбалската јавност во Македонија. Секако дека би сакал ние да биде тие кои ќе се радуваат на бодовите. Во секој случај тежок меч и за Вардар и за домашниот состав. Тиквеш е респектиран од наша страна, сепак Вардар ќе игра за да дојде до што подобар резултат“ истакнува Захариевски.

ПретходноТренерот на годината во Македонија ќе го добива признанието – „Лазар Лечиќ“!
СледноБањаја победник на спринтот во Мизано!