Екипите на Алкалоид, Пелистер и Охрид продолжија во победнички ритам во Супер-лигата. И двата тима имаа лесна задача. Избраниците на Кирил Лазаров беа подобри од Бутел Скопје со убедливи 27-34. Меч на кој на полувремето имаа предност од 13-19.
Бинго беше стрелец на седум гола кја победникот, додека пак по шест запишаа Серафимов и Костески. На другата страна Николов имаше шест гола.
Битолчани пак против Бисинов на гостински терен славеа со 21-41. По првите 30 минути беше 9-20. Филип Кузмановски имаше 13 погодоци акј Пелистер, додека Илиев запиша осум гола.
Охрид дојде до победа против Прилеп совладувајќи го со 26-30. Цицар со осум гола го водеше победничкиот состав, додека Јеремиќ со шест погодоци беше најдобар кај поразениот тим.
Струга ја запиша првата победа оваа сезона, откако на домашен терен го совлада Пролет со 34-29. Мијушковиќ со 13 гола беше незадржлив кај победникот каде Пајкоски имаше седум погодоци. На другата страна во редовите на Пролет кој го запиша првиот пораз Бакар имаше шест погодоци.