Ливерпул со ефектни 3:0 славеше против Борнмут во меч од 5.коло во Премиер-лигата попладнево. “Редси“ немаа намера да направат нов кикс како со Нотингем Форест, одиграа квалитетно и успеаја да дојдат до трите бода.
Прво Луис Диас со головите во 26. и 28.минута му донесе водство на својот тим од 2:0. Следуваше прекрасниот гол на Дарвин Нуњез во 37.минута за 3:0 и со тоа уште во првото полувреме беше решен победникот.
Тотенхем на свој терен против Брентфорд уште во 1.минута прими гол, но сепак дојде до убедлива победа од 3:1 и тоа со головите на Соланке, Џонсон и Медисон.
Фулам изненадувачки го декласира Њукасл со 3:1.
Ипсвич на гости кај Саутемптон се спаси од пораз со постигнат гол во 90+5.минута за конечни 1:1.
WHAT. A. GOAL. DARWIN. NUNEZ.pic.twitter.com/VXYwYwK0Dx
— Watch LFC (@Watch_LFC) September 21, 2024