Реал Мадрид дојде до четвртата победа во Ла Лига, откако на домашен терен по пресврт го совлада Еспањол со 4-1. Со овој триумф, „кралевите“ се доближија на бод до лидерот Барселона, кој пак има меч помалку.
Гостите до водство дојдоа благодарение на автоголот на Куртоа, кој заби за 0-1 во 54-та минута. Следеше пресврт на Реал во креација на Карвахал и само четири минути подоцна за 1-1. Родриго во 75-та минута донесе водство од 2-1, додека три минути подоцна Винисиус зголеми на 3-1. Конелните 4-1 ги постави Мбапе од белата точка во 88-та минута. На пеналот му претходеше неверојатен фаул над Ендрик и сигурно ќе биде говор за одлуката на судијата да покаже на белата точка.
This is so funny man I love Endrick so much pic.twitter.com/7pZSGq3Mlo
— WolfRMFC (@WolfRMFC) September 21, 2024