Оскар Робертсон со совет до Вестбрук: Внимавај, ќе те мразат!

168

Оскар Робертсон беше нов гостин во подкастот „All The Smoke“ и најголемо внимание привлече приказната за расистичкото однесување и смртните закани што популарниот „Big O“ ги добиваше за време на играчките денови.

Оскар беше НБА шампион во 1971 година со Бакс и е првиот играч со трипл-дабл просек во историјата (додека Расел Вестбрук не го надмине) и имаше најмногу трипл-дабл натпревари.

Тој вели дека го предупредил Вестбрук за коментарите и пораките од јавноста и злонамерните луѓе.

„Зборувајќи за Вестбрук, мислам дека се што му се случува е неправедно кон него. Мислам дека тој е многу важен играч за секој тим, но луѓето сакаат да обвинуваат некого и секогаш него го обвинуваат. Со години на свој грг ја носеше Оклахома. Бев среќен за него и го предупредив. Му реков дека сум среќен поради него, но мора да биде внимателен бидејќи брзо ќе го замрзат. И така беше“, објасни Робертсон. 

Расел Вестбрук летово стана нов играч на Денвер Нагетс и ќе игра со Никола Јокиќ.

ПретходноГолманска „експертиза“ на Хендерсон и Онана
СледноМурињо на колена: Галатасарај е газда на Босфорот!