Како што наведува „Фајненшал тајмс“ инвестициска група „SURJ Sports“ од Саудиска Арабија сака да купи мнозински пакет од акциите на Евролигата. Тие се спремни да платат дури една милијарда евра, а преговорите се во почетна фаза.
„SURJ Sports“ е под контрола на Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, а под нивно раководство е фудбалскиот клуб Њукасл, а неодамна станаа и партнери на тениските организации АТП и ВТА.
Богатите Саудијци по фудбалот и тенисот, сакаат да влезат и на кошаркарскиот пазар.