Сензационално: Зоран Вулиќ на клупата на Беса?!

503

Интересна и пред сензационална вест. Раководството на Беса е во завршни преговори со Зоран Вулиќ, некогашен легендарен фудбалер на Хајдук, некогашен репрезентативец на екс – СФРЈ и позната фудбалска “фаца“ на овие простори.

Нашите информации велат дека навистина се преговара со Вулиќ, но дали навистина ќе дојде до договор останува да се види во наредните часови.

Конекцијата со Хрватска е во полн ек. Инаку еден од кандидатите за тренер на Беса, е и Бруно Акраповиќ, некогашниот стратег на Шкендија.

Што се однесува до Вулиќ, тој како тренер работел во Хајдук, Шериф, Ксанти, Истра, Ријека и во некои други клубови.

ПретходноЈовиќ го напушта Милан? Ја доби „деветката“, а потоа го „избришаа“ од тимот
СледноЃорѓи Мојсов: Секоја чест за Вардар, сепак Тиквеш оди по трите бода!