Американците тврдат дека шампионите во НБА се и светски шампиони, Европејците тоа го негираат и објаснуваат дека не можат да ја искористат таа титула. Костас Слукас предложи решение за тој „проблем“. Тој сака шампионот во Евролигата да игра со шампионите во НБА.
Неговиот предлог е тоа да биде во Атина и таму да се натпреваруваат актуелните шампиони во двете лиги – Бостон и Панатинаикос.
„Доколку Слетикс дојде во ОАКА, ќе имаме шанса. Како што рече тренерот Атаман, ако сакаат да бидат светски шампиони, мора да дојдат и да не победат“, изјави Слукас.
Неговата изјава очекувано предизвика бура и многу коментари. Ретко кој им дава шанса на „зелените“ во тој потенцијален дуел.