СУПЕРКЛАСИКО: Ривер ја расплака “Бомбоњера“!

43

Бока – Ривер 0:1 е епилогот од вечерашното Суперкласико бр.263, едно од најголемите ако не и најголемо дерби во светот на фудбалот. Спектакл на трибините на “Бомбоњера“ во Буенос Аирес, но се беше бадијала барем што се однесува до домашните зошто Бока едноставно не беше своја, очигледно е дека овој тим е далеку од потребната форма.

Ни “милионерите“ не одиграа којзнае колку спектакуларно, но доволен беше еден гол, еден потег на Ланзини во 20.минута, сосема доволно за победа и три бода со кои Ривер се пробива кон горниот дел на табелата во елитната лига на Аргентина, додека Бока со овој пораз останува на 11.место.

Како и обично, голема борба, голема нервоза, малку шанси и само еден гол и славје за „црвено – белиот“ дел на Буенос Аирес.

Треба да се каже дека во 90+5.минута Бока имаше одлична шанса преку Хименез, кој влезе место Камани во второто полувреме, но Армани беше на своето место.

Во 90+7.минута Бока преку Хименез постигна гол, но играше и со рака. ВАР му покажа на главниот судија сам да пресуди гледајќи ја снимката, а овој по неколку минути сепак го поништи тој гол и со тоа резултатот остана 0:1.

Реално Ривер беше подобар за тој еден гол.

За крај ова беше прв пораз на Бока на “Бомбоњера“ во оваа 2024 година.

ПретходноДембеле го спасуваше ПСЖ
СледноПартизан под ѕвездено небо го урна европскиот првак