Бабата на Ламине Јамал, Фатима, како што пренесуваат медиумите во Шпанија, се пожалила дека кон не постојано и биле упатувани смртни закани.
Токму поради тоа таа се преселила во Барселона, посебно по она што му се случи на таткото на ѕвездата на Барса, кога беше прободен со нож во пределот на стомакот.
Инаку досега семејството живееше во областа Рокафонда, место кое е одалечено од Барселона околу 40 км.
“По се она што се случи со Мунир заминувам од тука, одам во Барселона. Овде живеам во страв постојано. Пред неколку дена истите луѓе кои го избодеа со нож мојот син ми кажаа дека имаат нешто и за мене. Ако сакаат да ме убијат, јас сум тука, еве ме на плоштад“ изјави Фатима.
Инаку повеќе од јасно е дека Ламине Јамал не е толку омилен во Рокафонда, местото каде што е роден, па затоа тој се пресели одамна во близина на Барселона, во градчето Сент Жоан Деспи.