Ѓорѓи Мојсов: Секоја чест за Вардар, сепак Тиквеш оди по трите бода!

193

Утре од 15 часот во меч од 6.коло во Кавадарци, домашниот Тиквеш го дочекува Вардар. Секако дека ова е меч за полни трибини, за спектакл, за голем меч. И Тиквеш и Вардар се пред голем предизвик, императивот е голем.

Кавадарчани не стартуваа според посакувањата и очекувањата. Играат добро, имаат шанси, но реализацијата е лоша, многу лоша.

Во пресрет на утрешниот меч за “СпортСпорт“ свој коментар има тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов кој некогаш како играч беше дел од Вардар.

Тоа беа убави времиња, но сега емоциите се на страна. Да, секоја чест за Вардар, сиот респект за Вардар, но Тиквеш си има свои сметки. Ако сакаме победа, а сакаме, јасно е дека реализацијата мора да биде на ниво, мора да се одигра максимално, мораме да победиме ако сакаме да се вклучиме во битката за излез во Европа. Нема проблеми со играчкиот кадар, очекувам поддршка од „Лозарите“, очекувам голем меч и секако трите бода да останат во Кавадарци“ посочи Мојсов.

ПретходноСензационално: Зоран Вулиќ на клупата на Беса?!
Следно“Во салата во Градски парк треба да се постави една фотелја и на неа да пишува – Лазар Лечиќ“!