Јовиќ го напушта Милан? Ја доби „деветката“, а потоа го „избришаа“ од тимот

393

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ дефинитивно во јануари ќе го менува клубот. Го напушта Милан и се сели во друга средина во потрага по поголема минутажа. Јовиќ уште летоска сакаше да си оди, но од Милан го убедиле да остане па дури му ја дале „деветката“ и да го замени Оливие Жиру во стартните 11. Сепак, на крајот на преодниот рок во тимот дојдоа Тами Абрахам, а пред тоа и Алваро Мората и тие играат повеќе.
Сезонава Јовиќ се појави на два натпревари односно одигра вкупно 64 минути, не е регистриран за Лигата на шампионите, а тоа посебно го погодило и решил да си оди.

Претходно„Лозари“ најавуваат спектакл: Утре доаѓа Вардар, доаѓаат и “Комитите“, се очекува најмалку 5.000 гледачи на трибините!
СледноСензационално: Зоран Вулиќ на клупата на Беса?!