Фудбалерите на Јувентус ремизираа во Торино со тимот на Наполи во натпревар без голови во петтото коло од италијанската Серија А.
Самиот натпревар нема долго да се памети. Во текот на целиот натпревар видовме само три удари кон голот, а за одбележување беа обидите на Јилдиз и Копмајнерс на едната и на Мектомини од далечина на другата страна.
Очекувана беше теренската иницијатива на Тиаго Мота, кој го форсира фудбалот со поголем посед на топка, но Конте, пак, со тактичка поставеност успеа да ги неутрализира сите потенцијални опасности на „Старата дама“.
Конте го напушта Торино со посладок бод, а Тијаго Мота има нови грижи.