Фудбалскиот клуб Црвена Звезда соопшти дека италијанската полиција им забранила на навивачите присуство во Милано за мечевите од Лигата на шампионите. Звезда во Милано треба да одигра два меча – против Интер на 1 октомври и Милан на 11 декември.
„МВР на Италија забрани пристап на “звездашите“ на натпреварите кои нашиот клуб ќе ги одигра во Милано против Интер и Милан. Црвена Звезда ги повика сите навивачи да не патуваат на тие натпревари, затоа што собирање во Милано како и влез на стадионот нема да биде дозволен. Одлуката важи за навивачите кои живеат во Србија, но и сите други европски земји.
За купување на билет е потребен пасош, а потоа име и презиме на билетот. Името на пасошот и билетот мора да бидат идентични при влезот на стадионот“, соопштија од српскиот шампион.
Одлуката е мотивирана од инцидентите помеѓу навивачите на Црвена Звезда и Рома, кои кулминираа во последните години. Оние навивачи кои веќе купиле билети, како што стојат работите, ќе мора да се откажат од патувањето.
Дома Меѓународен фудбал Лига на шампиони Италијанската полиција им забрани на „Делиите“ да дојдат во Милано