Ландо Норис утре ќе стартува од челната позиција на Ф1 трката на патеката Марина Беј за ГН на Сингапур. Возачот на Мекларен едноставно беше најдобар во завршните квалификации и со право утре може да се надева на уште еден добар резултат.
Ова за Британецот е петти пол во сезонава.
Втор во квалификациите заврши Макс Верстапен на Ред Бул а утре од третото место ќе стартува Луис Хамилтон од Мерцедес.
Следуваат Расел, Пјастри, Хулкенберг, Алонсо…
Овие квалификации ги одбележа Карлос Саинц, имено возачот на Ферари во самиот финиш на квалификациите направи грешка и излета од патеката по што дојде до прекин од неколку минути.