Моќен е овој Баерн на Компани: Кејн и компанија го “наполнија“ Вердер!

98

Денеска во попладневниот термин се одиграа четири средби од 4.коло во Бундес-лигата. И секако дека во преден план беше настапот на Баерн Минхен кој во Бремен дојде до четири од четири во новата сезона и тоа дојде со стил.

Имено “баварците“ предводени од новиот стратег Винсент Компани одиграа уште еднаш фантастично и успеаја со 0:5 на гости во Бремен да слават над составот на Вердер.

Нема што, моќен е овој Баерн на Компани. Олисе ја отвори серијата голови, истата ја продолжи Мусиала, Кејн зголеми на 0:3, потоа уште еден гол на Олисе за да Гнабри стрела за конечни 0:5.

Исто така убедлив на гостувањето беше и Фрајбург кој со 0:3 славеше кај Хаиденхајм.

Бохум одигра дома 2:2 со Холштајн Кил, а во тимот на домашните не беше во записникот нашиот репрезентативец Агон Елези. Треба да се каже дека гостите дојдоа до бод со гол во 89.минута.

Со 2:1 Унион Берлин го победи Хофехајм и освои големи три бода.

ПретходноБесарт Кривањева пред дербито со Шкупи: Ние сме шампиони, нормално е дека Струга ТЛ сака победа!
СледноЛиверпул го “реши“ Борнмут, прекрасен гол на Дарвин! (ВИДЕО)