Мурињо на колена: Галатасарај е газда на Босфорот!

457

Во спектакуларен меч од 6.коло во турската Суперлига, вечерва на стадионот “Шукру Сарачоглу“, во најголемото дерби во таа земја, Фенербахче пред своите фанови со1:3 беше поразен од лутиот ривал Галатасарај. Значи Жозе Мурињо е на колена а Галата покажа кој е газда на Босфорот, кој е главен во Истанбул.

Фенер бодрен од своите фанови подобрио го започна дербито, имаше и неколку шанси. Но кога нема да ги искористиш следува казна. Па така во 20. минута Ливаковиќ си даде автогол за водство на Галата. Не минаа осум минути кога Мертенс го удвои водство на Галата на 0:2. Тоа беше шок за сите во редовите на Фенер, а посебно меѓу фановите.

И тоа не беше се, Габриел Сала во 60.минута зголеми дури и на 0:3, се насетуваше вистинска катастрофа, ама три минути подоцна Џеко од пенал колку толку го ублажи поразот.

Во продолжение и двете екипи имаа шанси за уште некој гол, но ова дерби заврши со 1:3.

Да кажеме дека за првпат на овие дерби мечеви настапи и Виктор Осимен во дресот на Галата, и тој беше асистент на голот на Мертенс за тие 0:2 за гостите.

Па така сега Галата има 18 максимални бодови од шест одиграни мечеви и убедливо е прв на табелата, додека Фенер има само 13 бода.

ПретходноОскар Робертсон со совет до Вестбрук: Внимавај, ќе те мразат!
СледноШокантно: На бабата на Јамал и се заканувале со убиство!