Саудијците нудат милијарда евра за Евролигата!

129

Како што наведува „Фајненшал тајмс“ инвестициска група „SURJ Sports“ од Саудиска Арабија сака да купи мнозински пакет од акциите на Евролигата. Тие се спремни да платат дури една милијарда евра, а преговорите се во почетна фаза.
„SURJ Sports“ е под контрола на Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, а под нивно раководство е фудбалскиот клуб Њукасл, а неодамна станаа и партнери на тениските организации АТП и ВТА.
Богатите Саудијци по фудбалот и тенисот, сакаат да влезат и на кошаркарскиот пазар.

ПретходноНекогаш играше во Европа, сега во четврта лига на пет меча има гол разлика 0:36!
СледноРеал Мадрид директно во финалето на Светското клупско првенство