ФИА го казни Верстапен

325

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен се најде пред дисциплинската комисија на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) поради пцости изговорени за време на телевизиското интервју по квалификациите. Ферстапен го прекршил правилото 12.2.1к на Меѓународниот спортски кодекс, користејќи збор кој предизвикува морална штета на ФИА, нејзините тела, членови, извршни директори или спортот воопшто.
Наместо вообичаена финансиска казна, Верстапен ќе мора да учествува во општокорисна работа во соработка со раководството на ФИА. Детали околу врстата и обемот на работата се уште не е познат.

ПретходноАлавес стана махер за Севиља – ги победува трет пат по ред
СледноИталијанската полиција им забрани на „Делиите“ да дојдат во Милано