Шуберт: Во добар ритам сме и се надевам дека против Гостивар ќе ја продолжиме победничката серија

68

Во недела во рамките на ПМФЛ, Силекс ќе игра против Гостивар. По пет одиграни кола и Силекс и Гостивар имаат по девет бодови.
Капитенот на Силекс, Иван Шуберт верува дека во недела ќе врзат четири победи по ред по триумфите над Шкупи и Воска во првенството и Карбинци во Купот.
Што се однесува до натпреварот со Гостивар, мислам дека ни претстои тежок натпревар против квалитетен противник. Онаа победа на гости (над Воска) ни значи многу и мислам дека во моментов сме во добар ритам и се надевам дека победничката серија ќе продолжи во недела. Генерално, задоволен сум од досегашниот тек на сезоната, можеби заслуживме уште некој бод, но доколку продолжиме во овој ритам се надевам дека ќе биде успешна сезона“, изјави Шуберт.

ПретходноФИФА казни словенечки клуб поради малтретирање на фудбалер
СледноВечерва се игра најскапото турско дерби во историјата