Директорката на Рома мораше да си замине по заканите од ултрасите!

190
досегашната генерална директорка на италијанска Рома, Лина Солуку, си замина од клубот, објавија италијанските медиуми. 

„И благодариме на Лина за нејзината посветеност во критичниот период за клубот и и посакуваме се најдобро во нејзините идни напори. Сопствениците на клубот остануваат целосно посветени на растот и успехот на Рома, фокусирајќи се на вредностите што го прават нашиот клуб толку посебен“, се вели во соопштението на клубот.

Навивачите на Рома деновиве ја посочија токму Солуку како причина за заминувањето на Даниеле де Роси. „Ла Република“ објави дека жената била ставена под лесна полициска заштита откако некои ултраси луто реагирале на одлуката за отпуштање на Де Роси и почнале да и испраќаат и смртни закани

Солуку работеше во Рома од април 2023 година.

ПретходноФиорентина со два пенали до пресврт и победа над Лацио
СледноПолувреме: Без голови во Кавадарци, мајстории на Керим и М. Ивановски, Шкупи води со спорен гол, Шкендија убедлива! (ВИДЕО)