Милан пак е главен во Милано – по шест порази го најде „лекот“ за Интер

792
ФОТО: x.com/acmilan

Милан е победник во големото миланско дерби. Вечерва на „Џузепе Меаца“ четата на Паоло Фонсека славеше со 2:1 против актуелниот шампион и на тој начин ја прекина серијата од шест порази во дуелите со градскиот ривал.

Севкупно гледано „росонерите“ беа подобар ривал на теренот. Резултатот го отвори Кристијан Пулишиќ кој направи убав соло продор и го совлада голманот на Милан во 10-тата минута (ГОЛОТ ОВДЕ).

Изедначувањето стигна во 28 минута. Мартинез го исфрли од игра својот чувар, но место да шутне ја додаде топката до Димарко кој од косо ја погоди мрежата (ГОЛОТ ОВДЕ).

Во второто полувреме Милан имаше убави шанси преку Абрахам, Рафаел Леао и Окафор, сепак, мрежата на Интер остана недопрена се до 89 минута. Рејндерс од слободен удар ја уфрли топката во шеснаесетникот, а Матео Габиа успеа да ги надскока своите чувари и со глава да ја смести топката во голот за конечни 2:1 (ГОЛОТ ОВДЕ). Окафор во судиското продолжение можеше да ја постави поубедлива победа но го префрли голот.

За Милан ова е втора победа сезонава и е на седмото место со осум бода. Интер е место погоре исто така со осум бода и го запиша првиот пораз сезонава.

ПретходноПредложена трампа меѓу четири тима за Батлер да заврши во Голден Стејт
СледноАтлетико со бод од „Ваљекас“