Да, во Кавадарци „врие“. Денеска во меч од 6.коло во овој град доаѓа Вардар, тим кој ќе ги одмери силите со Тиквеш, кавадарчани пак се тим кој што е актулен победник во Купот и тим кој со сите сили ќе тргне кон победа. Јасно е дека и Вардар си има свои адути, овој Вардар со Захариевски на клупата не е оној Вардар од пред неколку недели.
Па така Тиквеш против Вардар, „Лозари“ против “Комити“, тоа ќе биде спектакл за фудбалско уживање. Информациите велат дека на трибините ќе има најмалку 5.000 гледачи. Нема што, Вардар е магнет за публиката.
Дербито се игра во Струга, каде се среќаваат Струга ТЛ и Шкупи, а супер интересно ќе биде во Кратово каде Силекс го дочекува Гостивар во битка на екипите кои се при врвот на табелата. Прашање е дали Васоски и неговиот Силекс ќе му го нанесат првиот пораз на Гостивар?
На Арената во Скопје, Работнички го дочекува составот на Брера. Тимот на Станиќ е во шок по елиминацијата во Купот од третолигашот Шкендија Арачиново, ќе видиме денеска на дело како Работнички ќе одигра во ПМФЛ каде досега само блескаше.
Лидерот Шкендија на свој терен не би требало да има проблеми со Воска, додека во Гостивар составот на Беса го дочекува Пелистер. Новиот прволигаш по заминувањето на Александар Таневски е во потрага по нов тренер, се споменуваат Акраповиќ, Вулиќ како новио стратези.
Почетокот на сите мечеви од ова 6.коло се закажани за 15 часот.
ДВОЈКИ ЗА 6.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)
Кавадарци: Тиквеш – Вардар
Кратово: Силекс – Гостивар
Тетово: Шкендија – Воска
Струга: Струга ТЛ – Шкупи
Гостивар: Беса – Пелистер
Скопје: Работнички – Брера
ТАБЕЛА
Шкендија 11, Работнички 11, Струга ТЛ 10, Силекс 9, Гостивар 9, Брера 6, Шкупи 5, Пелистер 5, Тиквеш 4, Беса 4, Воска 4, Вардар 4