Американскиот „Федавеј Ворлд“ објави информација за можна размена на кошаркари на четири тима од НБА лигата по која ѕвездата на Мајами Хит, Џими Батлер, ќе го облече дресот на Голден Стејт Вориорс. Трејдот вклучува тимови како Атланта Хокс, Сан Антонио Спарс, Мајами Хит и Голде Стејт Вориорс.
Според објавената информација, Воините го добиваат Џими Батлер, додека Треј Јанг, Харисон Барнс, Кевон Луни, Џонатан Куминга одат во Мајами. Атланта ги добива Ендрју Вигинс, Тери Розир, Гери Пејтон II и еден пик од првата рунда на драфтот во 2025 (преку Вориорс), како и пик од првата рунда во 2026 година (преку Хит), додека Никола Јовиќ, ДеАндре Хантер, Пеле Ларсон се селат во Сан Антонио Спарс.