Тежок пораз на Борусија Дортмунд на гостувањето кај Штутгарт

103
ФОТО: x.com/VfB

Пет гола и убедлив пораз на Борусија Дортмунд на гостувањето кај Штутгарт. Во рамките на 4.коло на Бундес лигата „милионерите“ изгубија со 5:1. Со тоа го впишаа четвртиот пораз по ред против Штутгарт вклучувајќи ги и двата дуели во Бундес лигата минатата сезона и мечот од Купот исто така минатата сезона.
Штутгарт поведе со 2:0 во првото полувреме. Прво мрежата на гостите ја начна Денис Ундав, а во 21 минута стрелаше Демировиќ. Во 62 минута Штутгарт зголеми на три разлика преку Милот.
Во 75 минута намали екс-напаѓачот на Штутгарт, Гираси, а пет минути подоцна Туре зголеми на 4:1, а во 91 минута Ундав ја запечати победата за Штутгарт од 5:1.
Инаку мечевите меѓу Штутгарт и Борусија се најефикасните во историјата на Бундес лигата. Со денешните шест гола, сега бројот на голови изнесува 370.

ПретходноПорака од Арената: “Романтичари најаки во Скопје“…еве како сега изгледа табелата по 6.коло! (ФОТО)
СледноЏон Стонс со гол во 98. минута го спаси Сити од пораз од Арсенал