Манчестер Сити одигра 2:2 против Арсенал во дербито на колото во Англија, а голот вреден бод го постигна Џон Стонс во 98 минута. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола се жалеше на судиските одлуки.
„Следниот пат ќе им кажам на играчите да го игнорираат судијата кога ќе ги повика. Тој нека дојде кај нас“, вели Гвардиола алудирајќи на ситуацијата при голот на Калафиори кога судијата го повика Вокер, а потоа нареди да се изведе слободниот удар по кој топката дојде до Калафиори кој постигна гол во момент кога Вокер беше изместен од позиција.
Потоа зборуваше на начинот на игра на Арсенал. Тој вели дека играчите премногу лежеле на теренот, а сите се паркирале пред голот во второто полувреме.
„Не памтам веќе колку играчи на Арсенал лежеа по теренот жалејќи се на повреди. Не знам ни колку играчи имаа во одбрана. Кога и да нападневме имаа 10 луѓе во одбрана. Рајс, Салиба, Габриел, Калафиори… постојано беа пред својот шеснаесетник. Беше тешко да се игра, моравме многу да се потрудиме и мислам дека на крајот го добивме тоа што го заслуживме“, изјави Гвардиола.
„Не треба да ме прашувате мене за нивната тактика. Тоа прашајте го Микел и откријте што засмислувал околу играта на Арсенал. Не знам. Можеби и јас ќе го сторев истото да имав 10 играчи во поле… Бевме трпеливи. Имавме неколку добри шанси и на крајот го постигнавме голот што го сакавме“, додаде Гвардиола.
Guardiola: “They [Arsenal] wanted to stop the game. I don’t know how many went down with cramp because it was such a demanding game.
“It was difficult because you can create and cross in the box but they have Calafiori, Ben White, Saliba, Thomas Partey, Declan Rice, Gabriel,… pic.twitter.com/jAMXwbLXrQ
— Chris Wheatley (@ChrisWheatley) September 22, 2024
“The next time the referee asks the captain to talk to them we will not go, because he has to allow to go to their position!
Pep Guardiola speaks to @andykerrtv after the game including about Arsenal’s first goal!#beINPL #MCFC #AFC #MCIARS pic.twitter.com/NoMX8fps6D
— beIN SPORTS (@beINSPORTS_EN) September 22, 2024