Вистина е дека во денешните, модерни времиња, врвните спортисти заработуваат вистинско богатство. Десетици, па и стотина милиони евра се годишните суми кои легнуваат на нивните сметки.
Сепак и покрај тоа во последно време се почести се јавните изблици на незадоволство од фактот што навистина имаат преголем број на натпревари.
Прво го дигнаа гласот фудбалерите, но сега на ред дојдоа и тенисерите кои велат дека во една година имаат премногу мечеви и време е да се намали тој ритам.
“Посакувам да имаме повеќе слободно време. Во следните години ќе имаме се повеќе и повеќе турнури, тоа просто ќе не „убие““ посочи Карлос Алкараз.
Во сличен стил размислува и Александер Зверев:
„Познато е дека тенисот ја има најдолгата сезона во професионалниот спорт. Едноставно немаме време да се подготвиме, да го одмориме телото за новите напори. Само што ќе се вратиме од кусиот одмор мора веднаш да одиме на подготовки и ете го турнирот во Австралија“ посочи Германецот.
По се ова изгледа дека и тенисерите го дигаат гласот. Дали е ова најава дека и тие размислуваат за евентуален штрајк, исто како и фудбалерите.